Претседателот, Стево Пендаровски, свика за утре итна лидерска средба, на која ќе стане збор за одложување на изборите по барање на најголемите политички партии.

Пендаровски во објавата за лидерската средба на социјалните мрежи, наведе дека на средбата ќе присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски и спикерот на Собранието, Талат Џафери.

Претходно денеска, одложување на изборите побараа лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. И двајцата, во своите излагања посочија дека здравјето на граѓаните е приоритет, а изборите можат да бидат одложени за понатаму поради епидемијата на коронавирусот.