Претседателот на Собранието Талат Џафери утре ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи.

Од Собранието информираат дека по иницијатива на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Подобра Македонија“, на координацијата ќе има една точка на дневен ред формирање „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“.