Фото: Маја Јаневска-Илиева

Демократијата во Македонија од независноста до денес

Каква е демократијата во Македонија од 1991 година до денес? Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во својата опсежна анализа посочува дека е парадоксално, но практикувањето на демократијата во Македонија од независноста до денес доведе до нејзино намалување. Дефицитот на знаење кај дел од македонските политичари и нивната безличност и алчност доведоа до општество што се карактеризира со неколку фактори што ја поткопуваат во темел демократијата. Кои се тие фактори, како дојде до доминација на малцинството над мнозинството, до фрагментација на општеството и до девалвација на системот на вредности, читајте во утрешното издание на весникот.