Утре во печатеното издание на „Нова Македонија“ читајте ексклузивна анализа на Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ

Осврнувајќи се на длабоката криза во македонското општество, која според академик Коцарев по својата жестина и големина достигнува немерливи размери, тој овој пат се задржува само на еден нејзин сегмент – кризата во образованието. Низ својот краток пресек „За историјата на образованието“, преку констатациите „За образованието денес“ и низ недвосмисленоста на ставот дека „опстојбата на македонската општественост се должи исклучиво на образованието, на континуираното духовно и културно просветување“, академик Коцарев ја скенира кризата во образованието како стожер на општеството, откривајќи ги вистинските промени што треба да се направат.