Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денеска при посетата на Загреб изјави дека Албанија и Македонија ги исполнуваат условите за почеток на преговорите и дека ЕУ не треба да ги менува истите, туку само да ја подобри методологијата за пристапните преговори.

– Тие ги исполниија критериумите што ние ги баравме и сега не треба да ги менуваме условите – кажа Фон дер Лејен на прес-конференција.

Но, таа додаде дека до самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во Загреб во мај, методологијата за преговорите треба да се подобри, како што побара Франција.

– Мора да предложиме нова методологија пред самитот и да најдеме начин да го одржиме отворен процесот за Албанија и Македонија за да може да започнат преговори – истакна претседателката на ЕК.