Фото: Игор Бансколиев

Четириесет тужби поднесени од Алијанса за Албанците и Алтернатива се одбиени попаднево од страна на Управниот суд, а досега, според информации од судот, одбиена е у една тужба од политичката партија Интегра.

Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле 75 тужби по одбивањето на приговорите од страна на ДИК. Од судот преку соопштенија денеска информираа дека тужба поднела и Социјалдемократската унија, а 101 тужба на адреса на судот пристигнале од партијата Левица.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија по приговорите за парламентарните избори.