Грчката полиција употреби солзавец за да ги спречи демонстрантите кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во време додека македонската и грчката делегација го потпишуваа договорот меѓу Македонија и Грција.

Насобраните граѓани ја нападнале полицијата со дрва и предмети, а полицијата одговорила со употреба на солзавец.

„Македонија е грчка“, „Овде завршува Северна Македонија“, пишуваше на транспарентите на демонстрантите, кои со грчки и црни знамиња во рацете протестираа против потпишаниот договор.

Според грчките медиуми, вкупно 80 автобуси со граѓани од Солун и градови од северна Грција, утрово стигнале на протест во близина на Преспа.