Пред 30 години ни се укажа можност и покрај верувањата на малкумина дека е невозможно нешто да се смени, ние ги мобилизиравме нашите пријатели и гласавме за таа промена. Денес Полска ги користи неограничените можности што ги нуди ЕУ, објави денес на својот „Твитер“ профил претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кој преку видео порака на македонски јазик ги повика граѓаните на Македонија да гласаат на референдумот и да не ја пропуштат шансата која ни се нуди.

– Во животов многу ректо добиваме можност да ја смениме својата судбина, а уште поретко можеме да ја смениме судбината на цела нација. Тоа е моето лично искуство. Немаше да ви зборувам за ова денес ако не верував дека и вие можете да успеете. Мојата животна поука е едноставна  „никогаш не ја пропуштајте добрата шанса кога ќе ве повикаат да гласате“.