Добредојдовте на масата на НАТО, Зоран Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во Алијансата. Благодарам за продуктивната дискусија денеска за важноста на НАТО и можностите за зајакнување на инвестициите меѓу двете земји, напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на својот профил на Твитер.

Премиерот Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон имаше средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез, и со германската канцеларка Ангела Меркел.