Еден килограм тутун, колку 1 кутија цигари. Мизерија на векот! Зоран Заев, пред да дојдеш на власт ветуваше дека како власт ќе обезбедиш пласман и загарантирани цени. 4 години си на власт, а тутунот се продава по историски најниски цени, напиша на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Цената на тутунот падна затоа што Заев дозволи увоз на тутун. А дозволи затоа што Заеви се и во тутунскиот бизнис. Пари за Заев, мака за народот.

Постарите велат ваква катастрофа не паметат. Велат тутунот не се откупувал по помизерни цени во последните 60 години.

Алармиравме дека до ова ќе дојде. Посочивме неколку пати да се корегира законот и на време да се седне со откупувачите, но Вашата суета не дозволи да послушате. Штетите по тутунарите се огромни. Им го земате лебот од уста.Срамота!

Тутунот се проценува за една до две класи пониско, се обезвреднува, одбитоците се над 8%, буквално тутунарот се шиканира. До кога? До кога народот ќе ја плаќа Вашата комоција?

Стоп! Доста е! На тутунарите мора да им се плати трудот! Доколку не знае Заев одма да си замине! Оставка на Заев, слобода на народот! – порача Трипуновски.