Деновиве заврши конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ за избор на координатори на Општинските комитети.

Иако по поразот на парламентарните и локалните избори се очекуваше во Битола интересот за оваа значајна партиска функција да опадне, сепак, според неофицијални извори дури 35 кандидати се пријавиле на конкурсот за координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Според засега непотврдени информации за функцијата координатор на партијата конкурирале, сеуште актуелниот координатор Борче Димитровски, екс директорот на ЈП „Нискограба” Кире Крстевски, потоа Николче Котевски, екс советникот Пеце Милевски, Иванчо Тошевски и други.

Меѓу кандидатите за координатори ги нема актуелните пратеници Лилјана Кузмановска и Зоран Илиоски, кои не се пријавиле на конкурсот.

Извори на Нова Македонија, блиски до партијата информираат дека пред неколку дена кандидатите за координатори биле на првото партиско интервју во Скопје, на кое биле брифирани од новото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ за тоа како мислат да ја водат партијата на локално ниво.

М.М.