Одложена е оставката на Зоран Заев на лидерската функција во СДСМ пред партиските органи, откако партијата соопшти дека вечерва нема да заседаваат Централниот и Извршниот одбор поради трагедијата што се случи во Бугарија.

Седниците беа закажани по барање на Заев. Беше предвидено тој да побара уважување на партиската оставка, најавена по вториот изборен круг одржан на 31 октомври.

Со констатирањето на оставката треба да почне рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов лидер.