Кандидатката на ДУИ за градоначалничка на Тетово, Теута Арифи го призна поразот на локалните избори.

Таа на прес-конференција кажа дека не успеала да го добиe мандатот, и оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера. Му посака успех во работата на нејзиниот противкандидат, Биљал Касами од БЕСА.

Касами има убедливо водство во Тетово, според досега пребројаните гласови на Државната изборна комисија.

Тој води со 57,99 проценти од пребројаните гласови, наспроти Арифи која има 36,69 отсто.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, соопшти дека партијата победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце, Арачиново.