Телефонскиот разговор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, според информациите во Грција, е закажан за попладневните часови.

Грчките медиуми објаснуваат дека двете страни треба прво да го известат специјалниот претставник на ОН, а фактот што медијаторот Метју Нимиц е во Њујорк и поради временската разлика, телефонскиот разговор е закажан за попладне.

Неофицијално, по телефонскиот разговор со Заев, Алексис Ципрас ќе го информира, прво претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, потоа лидерите на политичките партии и на крај ќе има обраќање до јавноста.

Додека, пак, во петок, во грчкиот парламент ќе се одржи расправа за пратениците и граѓаните да се информираат за содржината на договорот.