Актуелниот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, едногласно е избран за претседател на Централниот изборен штаб за предвремените избори, на денешниот редовен состанок на Централното претседателство во Тетово, информираат од партијата.

– Таравари го увери Централното претседателство дека партиската централа заедно со изборниот штаб, како и со сите локални службеници и политички активизам, ќе обезбеди и гарантира убедлива победа на Алијансата за Албанците на изборите на 12 април 2020 година – соопштуваат од Алијансата за Албанците.