Покажавме и докажавме дека интересите на граѓаните ни се во прв план. За
само две и пол години, направивме пресврт на подобро во економијата, во
инфраструктурата, во платите, во здравството, во социјалниот систем и во сите
други сегменти од животот. Нашата понуда носи нова македонска развојна
економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки
плати. До крајот на мандатот, износот на странските инвестиции ќе достигне
најмалку една милијарда евра, посочи во Прилеп Миле
Талевски, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ 4.

Според него, во следните четири години, ќе насочеле 600 милиони евра
финасиска поддршка кон домашните компании и странските директни
инвестиции, од кои 300 милиони евра ќе биле од државниот буџет, а 300
милиони евра од европските фондови.

– Нема да отстапиме од започнатиот процес за поддршка на стопанството, со кој
во изминатите две и пол години отворивме 64 илјади нови, конкретни, реални
работни места. Ќе продолжиме уште повеќе, уште подобро – рече Талевски,
барајќи ја довербата од граѓаните на 15 јули.

Ка.М.