Специјалното јавно обвинителство(СЈО) денеска на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците треба да поднесе Извештај за сработеното за периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година.

Извештајот за активностите на СЈО за период од шест месеци е поместен како последна точка на дневниот ред на Комисијата. Ова е петтиот шетмесечен извештај за работата на СЈО.

Се очекува извештајот да биде презентиран од специјалната обвинителка Катица Јанева.