Горан Сугарески утринава преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од функцијата претседател на надзорниот одбор на СДСМ, како последица на лошите резултати на локалните избори.

– Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ – напиша Сугарески, додавајќи дека оставката претставува негов придонес за консолидација на партијата.