Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтелнберг изјави денеска дека на Самитот на Алијансата во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство во Организацијата.

– Оптимист сум дека ќе биде донесено такво решение, како и за тоа дека на референдумот во Македонија ќе има мнозинство за поддршка на договорот со Грција- нагласи Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО повика за позитивен исход од референдумот. Тој појасни дека по референдумот ќе може Македонија да биде поканета за членство во НАТО.