Фото: Дарко Андоновски

Имате кредибилни институции кои можат да работат заедно со институциите на другите земји членки на НАТО, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој ги пофали досега спроведените реформи во Македонија, посебно од областа на безбедноста и одбраната.

-Подготвени сме да ве пречекаме во семејството на НАТО. Ви честитаме за покажаното лидерство, политичка храброст и визија во решавањето на споровите со соседите. Република Северна Македонија веќе има свое столче во НАТО. Месецов уште еднаш министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува на состанок на министри за одбрана во НАТО. Очекуваме по ратификацијата кај сите земји членки на НАТО да станете 30-та членка на Алијансата-изјави Столтенберг, по останокот на Северноатлантскиот совет што се одржа денес во Скопје.

Тој додаде дека во иднина треба да останеме посветени на зголемување на буџетот за одбраната. Според него, од потпишувањето на договорот во февруари веќе се чувствува економско раздвижување и зголемување на инвестициите.