Фото: Маја Јаневска-Илиева

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздрави учеството на македонската делегација на денешниот Самит на Алијансата во Лондон и порача дека членството на земјата е позитивен чекор за целиот регион.

-Членството на Северна Македонија е добро не само за земјата, туку и за регионот, тоа ќе покаже дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати – рече Столтенберг.