Сега е време вашите гласови да бидат слушнати. Ова е можност што се укажува еднаш во животот. Вратата на НАТО е отворена. Но, само граѓаните на вашата земја можат да одлучат да ја поминат. Затоа, вашата иднина е во вашите раце. Ве чекаме во НАТО, порача денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Повторно покажавте храброст, вели во видео обраќање Столтенберг, да го пробиете вашиот сопствен пат кон неизвесност, мир и безбедност. Историскиот договор за спорот со името ја отвора можноста за рамноправно членство во меѓународната заедница, вклучувајќи го рамноправното членство во НАТО.

– Членството во НАТО ќе ви ја даде вам и на вашите деца сигурноста што доаѓа кога сте дел од најуспешната светска алијанса, и ќе даде на вашата земја рамноправен глас во нашите дискусии и рамноправно изјаснување во нашите одлуки, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.