Премиерот Зоран Заев, вчера од Кавадарци, најави нова лидерска средба на која ќе се усогласуваат ставовите околу новото законско решение за регулирање на статусот на специјалното јавно обвинителство, за што е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

– Секако, време е да одржиме лидерска средба. Едно заради реформите и реформските закони во Собранието, второ, заради претстојните претседателски избори што доаѓаат.

И трето, вредно е да се разговара за кое било отворено прашање. Јас секогаш му давам шанса на дијалогот. Дијалогот е од помош за нашата земја, за сите отворени прашања. Верувам дека во најскоро време ќе се одржи лидерската средба, што му одговара и на шефот на опозицијата. Заедно ќе се приспособиме, за да можеме да ја одржиме таа лидерска средба – нагласи Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали лидерите ќе се сретнат во врска со СЈО, како што побара ВМРО-ДПМНЕ. П.Р.