Фото: ВМРО-ДПМНЕ/Фејсбук

Поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески по подолго време се врати во работните тела на ВМРО-ДПМНЕ, откако од опозициската партија синоќа соопштија дека формирале работно тело за следење на реализацијата на проектите кои градоначалниците ги ветиле пред граѓаните.

– Во работното тело кое ќе биде раководено од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе бидат и Зоран Ставрески и Оливер Шамбевски – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ставрески беше вицепремиер во владата предводена од Никола Груевски од 2006 година, а од 2009 до 2016 и министер за финансии. Шамбевски беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и амбасадор на Македонија во Кина.