Во Нови Сад, Заев ќе оствари и билатерална средба со српската премиерка Ана Брнабиќ

Премиерите на Србија и Македонија, Ана Брнабиќ и Зоран Заев, в понеделник официјално ќе го одбележат почетокот на работата на интегрираниот граничен премин Прешево-Табановце меѓу двете земји.

Според српската влада, по отворањето на граничниот премин, Ана Брнабиќ ќе разговара со македонскиот премиер во Скопје, а предвидена е и средба меѓу делегации на двете држави и потпишување на неколку договори за соработка, пренесе агенцијата „Танјуг“.