фото: Маја Јаневска Илиева

Започна средбата меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, која се одржува во македонското Собрание.
Средбата е на барање на претседателот на опозициската партија, а со цел тој да ги претстави на лидерот на ДУИ, своите кандидати за техничката влада.
По оваа средба, во зградата на владата ќе се одржи и состанок меѓу Мицкоски и премиерот Заев, која исто така е на барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со истата цел.

Заев синоќа, по Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, каде за технички премиер беше избран досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а за вицепремиерка, на местото на Кочо Анѓушев, Мила Царовска, истакна дека тој на денешната средба со Мицкоски ќе го отвори прашањето и измени на Изборниот законик со воведување на една изборна единица, доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сака за тоа да разоговара.

На лидерската средба свикана од претседателот Стево Пендаровски, беше договорено на 12 април да се одржат предвремени парламентрани избори. Согласно процедурата, на 90 дена пред изборите треба да се формира техничката влада или во случајов тоа треба да се случи на 3 јануари.