Фото: Игор Бансколиев

Спорот помеѓу Бугарија и Македонија создава тензии помеѓу одредени европратеници, во пресрет на гласањето за овој проблем кое е предвидено денес во Европскиот парламент (ЕП), во врска со застојот на Македонија во пристапните преговори со Европската Унија, пренесува „ЕУобзервер“.

Бугарија минатата година го попречи патот на Македонија кон ЕУ, откако Софија изрази незадоволство за прашањата поврзани со јазикот и историјата со потези кои беа критикувани од другите членки на ЕУ.

Амандман предложен од европратениците сега би можел да донесе дополнителна осуда за Бугаарија. Европратениците бараат од бугарските власти да прекинат да користат провокативни изјави против Македонија, фалејќи ја македонската зрелост и балансиран одговор кон бугарските напади.

– Не гледаме деструкција од македонската страна, туку гледаме вид на загадувачки процес од бугарските власти – кажа холандската европратеничка Тинеке Стрик, реагирајќи на негодувањата од бугарските колеги.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки го окарактеризира амандаманот како злонамерен, тенденциозен и измамнички.

Angel Dzhambazki, a 42-year Bulgarian conservative MEP, has described the amendment as “heinous, incendiary and deceitful”.

Стрик која е меѓу предложувачите на амандманот, посочи дека бугарските барања за идентитетот немаат никаква поврзаност со критериумите на ЕУ, додавајќи дека бугарската блокада го подрива кредибилитетот на ЕУ во државата и во регионот.