Премиерот Оливер Спасовски по повод упадот во Собранието на 27-април – датум познат и како „крвавиот четврток“, напиша дека денеска се сеќаваме на најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава, во објавата на неговата официјална фејсбук-страница.

– На 27 април 2017 година, со монструозна намера и со насилство беше организирана и спроведена злосторничка акција од лидерите на тогашната владеачка партија кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без чувство за последиците на нивните мрачни амбиции. Упадот и обидот за окупација на домот на македонската демократија беа агресија против секој граѓанин на Република Северна Македонија и на темелите на парламентаризмот. Нивните постапки не беа само организиран криминал, туку беа предавство на идеалите и принципите на слободата и демократијата – напиша Спасовски.

Денеска се сеќаваме на најмрачниот ден во поновата историја на нашата држава.На 27 април 2017 година, со монструозна…

Posted by Oliver Spasovski on Понеделник, 27 април 2020