Техничкиот премиер Оливер Спасовски му ја предаде функцијата иден премиер на Зоран Заев, кој пред полноќ беше изгласан за претседател на Владата со 62 гласа „за“ и 51 „против“.

– На денешното примопредавање на премиерската должност на премиерот Зоран Заев му посакав успешен 4-годишен мандат на новата Влада, во којашто заедно ќе се заложиме да ги оствариме приоритетите за коишто ја добивме довербата од граѓаните: сигурна иднина, заштита на јавното здравје, нова развојна економија, правда, европски перспективи. Имав чест и голема одговорност да ја предводам Владата во специфичен период, во којшто заедно се согласивме дека преодната Влада успешно одговори на предизвиците. Продолжуваме да работиме заедно во новата Влада, на граѓанските интереси и за доброто на државата, секој од нас според доверените должности – објави Спасовски на Фејсбук.