Не сме среќни што требаше да кажеме „не“, но ние не можеме да го трпиме тоа што се случува таму, кажа бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, осврнувајќи се на бугарската блокада за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, во интервју објавено на јутјуб-каналот на блогерот Асен Генов.

Захариева во емисијата „Контракоментар“ беше категорична дека Бугарија продолжува да ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, но нагласи и дека нема да прави компромис со своите национални интереси.

Бугарската министерка истакна и дека најважно е да се смират емоциите, бидејќи двете држави ќе загубат ако не ги решат проблемите.