Пратениците на денешната 116. седница треба да изберат потпретседател на Собранието, по што ќе ја одржат 111. седница на чиј дневен ред е Извештајот на Европската комисија за 2019 година и дел од Стратегијата за проширување.

За нов потпретседател од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ е предложен Зеќир Рамчиловиќ, кој од 1 ноември e независен пратеник. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.