На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство.

Владата го предлага Арменд Арслани, кој е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет. Тој треба да дојде на оваа функција на местото на Асим Муса, кој минатиот месец поднесе оставка.