Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) со 95 гласа „за“ на денешната седница.

Александар Даштевски е избран за претседател на ДИК, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседателка ќе биде Дитмире Шеху од ДУИ.

СДСМ ги поддржа кандидатурите на актуелните членови на ДИК, Борис Кондарко и Радица Ристеска, како и онаа на Оливер Ристовски.

Правникот во Собранието, Бобан Стојановски, е втор член на ДИК со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, а Алијанса на Албанците, која е во коалиција со Алтернатива, ја поддржа кандидатурата на правникот од Струга Кренар Лога.

Мандатот на актуелниот состав завршува в петок.