Церемонијата за пристигнување на Алексис Ципрас и грчката владина делегација на Аеродромот Скопје, ќе биде скратена поради доцнење на авионот на грчкиот премиерот. Следете го во живо преносот од пристигнувањето на грчката делегација. 

По слетувањето на авионот на премиерот, следи официјалниот пречек на Ципрас со државни и воени почести, кој ќе биде на платото пред Владата.

По тет-а-тет разговорите и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери Зоран Заев и Ципрас ќе одржат заедничка прес-конференција. Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери. Д.Ср.

Фото: Игор Бансколиев/Голем број на новинари ќе ја следат посетата на Ципрас