Синоќа, со подолг говор, пред граѓаните се обрати и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, која истакна дека бројките говорат за пораз, но таа никогаш не се чувствувала поисполнето и попродуховено.

Таа, сепак, нагласи дека политиката во Македонија сѐ уште не е уметност и сѐ уште е во рацете на партиите. Тие одлучуваат кај кого ќе отидат гласовите, а не самите граѓани. Ако го анализираме контингентот на гласови што се пренесе во вториот круг, ќе видиме дека политиката во Македонија значи одговор на прашањето кој кога и како добива.

– Резултатот е јасен, но прашањето е дали ваквиот резултат води кон помирување и обединување или, пак, означува една поделба внатре во државата по повеќе основи. И прашање е дали синтагмата „Заедно одиме напред“ навистина го ветува тоа – истакна Сиљановска-Давкова.