Независното судство е клучен услов за демократска држава, но и еден од важните сегменти во рамките на очекуваните реформи, истакна Гордана Сиљановска-Давкова, кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ, на попладневната средба со прилепчани, барајќи ја нивната поддршка на 5 мај.

– Членките на ЕУ, особено основачите, имаат лошо искуство со земји кои пред нас станале членки на ЕУ, но имале сериозни проблеми со судството, Треба да го знаеме
искуството од Романија, но премиерот и луѓето околу него мислеа дека Преспанскиот договор е доволен, да биде алиби во барањето за почетокот на преговори. Затоа ние се повикуваме на владеење на правото и на правдата оти без тој услов нема почеток на преговори, ниту евроипеизацијата. На премиерот му требаше ветување во функција на изборите и изборниот резултат, а не во функција на градење на независно судство во Македонија. Тоа е македонската реалност, ама тоа е и сериозната порака, не само од Франција, Холандија и од Данска, сериозно да се зафатиме со реформи – Ова меѓу другото го изјави Сиљановска-Давкова.

Таа посочи дека лекцијата не е научена.

– Факт е дека од сите страни слушаме дека се уморни оние кои не гледаат нас како идна членка на ЕУ, од политичари кои глумат демократи, кои немаат капацитет за реформи, кои мислат дека е доволно да склучите договор, а се друго да биде заборавено – изјави Сиљановска-Давкова попладнево во Прилеп. Ка.М.