Ако бидам избрана за претседателка ќе одберам луѓе кои во вистинска светлина ќе ја претставуваат и нема да ја срамат Македонија по светот. Ќе именувам најдобри правници во Уставниот суд, најстручни луѓе во Советот за безбедност, ќе мислам на најквалификуван гувернер, ќе доделувам одликувања само на најумните, вето ќе ставам секогаш кога Уставот ќе биде прекршен, а вас секогаш ќе ве имам на ум кога ќе се обраќам пред Собранието не еднаш во годината, туку многу пати. Ќе бидам претседател на сите граѓани на Македонија, истакна каднидатот за претседател на ВМРО – ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Струга.

Во своето обраќање Силјановска Давкова забележа дека денеска, како што рече, 75 години по АСНОМ првпат на официјална посета не ја слушнавме државната химна.

– Целата македонска приказна е во химната, во борбата за правдините. Денеска премиерот го прекрши Законот за грбот, знамето и химната. Закон што се носи со дво-третинско мнозинство. Закон во кој се вели во било каква официјална средба мора да се емитуваат химните на двете држави – рече Силјановска Давкова.

С.Н.М.