Драматична е состојбата, за последните три месеци како што објави Левица, 83 лекари побарале дозвола да ја напуштат Македонија. Тоа значи дека еден дневно лекар има намера да си замине, истакна денеска кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска -Давкова.

-Јавно апелирам до Владата она што го вети 100.000 денари веднаш уште утре да го реализира, зошто ако продолжи со ова темпо заминувањето на лекарите, ние ќе треба сами да се лекуваме, а тоа е катастрофално. И затоа би сакала да ги чујам нив што мислат, кои се излезните решенија, дали некој ги прашува, дали имаат самите некој идеја како би можело да се надмине ова ситуација – истакна Силјановска. С.Н.М.