Канидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска – Давкова вечерва на митинг во општина Аеродром побара поддршка за претседателската функција, истакнувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска унија, ниту НАТО.

– Собранието треба да биде најспрестижната школа за демократија во која низ дијалог со аргументи со различни ставови на граѓаните се трага по консензус за најважните решенија. Не со тиранија на мнозинството, не со купопродажба на гласови, не со кршење на Уставот и законите зашто не сме ги овластиле за тоа, не сами со себе, не така како што ќе им каже лидерот на партијата на власт, зошто тоа не е Собрание и школа на демократија туку узурпиран народен простор – рече Силјановска.

Таа потенцираше дека без поделба на власта на законодавна, извршна и судска не може да постои демократија. С.Н.М.