Фото: Игор Бансколиев

Автомобил со кој се превезувал гласачки материјал се запалил во движење. Настанот се случил рано утринава, на автопатот Гостивар-Скопје. Од МВР велат дека гласачкиот материјал не е оштетен и истиот безбедно е доставен до Државната изборна комисија.

– Настанот се случил околу 4.30. Во СВР Тетово е пријавено дека моторно возило ‘Форд транзит’ со гостиварски ознаки, управуван од 35 годишен гостиварчанец, во непосредна близина на наплатната станица во Тетово се запалило во движење. Внатре се наоѓале пет членови на општинската изборна комисија во Гостивар кој го носеле избирачкиот материјал во Скопје. Тој не е оштетен. Повикано е друго возило во кое е префрлен и пренесен во Државната изборна комисија – велат од МВР.

Засега не се утврдени причините за пожарот.