Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле барање за гласање доверба за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради бегството на поранешниот директор Сашо Мијалков. Тие најавиле и дека ќе го поддржат и предлогот за интерпелација на Владата, пренесуваат повеќе медиуми.

Зијадин Села истакна дека „два дена се прави театар“, додавајќи оти е најскандалозно што Мијалков добил домашен притвор, што според лидерот на Алијанса за Албанците претставува доказ за договор помеѓу Мијалков и Зоран Заев.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, бара земјите-членки на ЕУ да донесат тим од судии и обвинители кои повторно ќе ги отворат, како што истакна, сите монтирани процеси од осамостојувањето досега.