Седницата на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на парламентот, ќе биде закажана за понеделник напладне од страна Талат Џафери, како што најави претседателот на Собранието на денешниот брифинг со новинарите. На седницата ќе се верификува и мандатот на пратеник кој доаѓа на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот Стево Пендаровски.