Фото: Архива

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за Бугарија, за ДУИ e неприфатлива во сегашната форма, бидејќи партијата од владејачката коалиција смета оти националниот идентитет и јазик не се предмет за дискусија и партиско пазарење, и покрај тоа што коалицискиот партнер СДСМ најави дека ќе ја прифати резолуцијата.

Претставниците на ДУИ на денешната средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ укажале дека потребна е преформулација и усогласување на текстот на резолуцијата без да конкретизираат што е спорно за нив.

Алијанса за Албанците и Алтернатива треба дополнително да се произнесат за резолуцијата, откако за неа ќе дискутираат партиските тела, но од Алијанса бараат СДСМ и ДУИ да го усогласат нивниот став.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во потрага по консензус за нацрт-резолуцијата денеска се сретнаа и со Левица и БЕСА, додека допрва треба да се договара средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за резолуцијата.