Фото: Маја Јаневска-Илиева

Музичари со зурли и со тапани дојдоа пред седиштето на Бихаќка каде што СДСМ веќе слави победа на претседателските избори.

Од централниот штаб претходно беше нарачан кетеринг, а веќе стигнаа и голем дел од партиските членови. Меѓу присутните е и сопругата на Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција прогласи победа на Пендаровски на претседателските избори.