Неофицијално во Битола, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски е во водство пред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски и во Битола ќе има втор круг. Ова вечерва го изјави портпаролот на ОО СДСМ, Дејан Србиновски.

– Според податоци од помалку од половина од избирачките места нашиот кандидат е изедначен со противкандидатот од најголемата опозициска партија. Очигледно во Битола ќе имаме втор круг и за две недели градот ќе го добие вистинскиот градоначалник, а тоа ќе биде Христо. За советници ситуацијата е уште понејасна,
односно има уште поизрамета трка за двете водечки партии во Битола – Дејан Србиновски. М.М.