Христијан Мицкоски не само што му се приклучи туку и самиот се сведе на портпарол на Јанко Бачев, додека им слугува на неговите антизападни шефови против НАТО и ЕУ, се вели во реакцијата на СДСМ, на денешниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред Собранието.

– Ова е ново дефинирање на антизападниот Мицкоски откако јасно се позиционираше против државните интереси, против напредокот, против членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Од темната страна се деструктивците од минатото, Мицкоски, Бачев и антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, заглавена, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ. Од другата страна се граѓаните и нивните интереси за подобар живот, СДСМ, коалицијата, парламентарното мнозинство и прогресивните сили кои сакаат Македонија да оди напред, да биде членка на ЕУ и НАТО – порачуваат од СДСМ.