По реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера се огласија и од СДСМ.
– Од белиот дворец, симболот на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, пензиите растат и ќе продолжат да растат.

Од белиот дворец, симболот на криминалот, расипништвото и трошењето народни пари, шири лаги ВМРО-ДПМНЕ, партијата што го укина усогласувањето на пензиите на пензионерите, им скрати пари и создаде огромна финансиска дупка во фондот на ПИОМ.

ВМРО ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за пензионерите затоа што со своето неодговорно однесување, погрешни криминални политики создаде и остави хаос во целокупниот пензиски систем.

Наспроти криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ, сега ладата предводена од СДСМ го стабилизира пензискиот систем, обезбеди редовна исплата, континуиран пораст на пензиите и сигурни пензии во иднина. СДСМ го врати редовното усогласување на пензиите со порастот на трошоците за живот и можноста за дополнителен пораст на пензиите со порастот на БДП над 4 отсто.

Пензиите растат и ќе продолжат да растат – велат од СДСМ.