Фото: Архива

ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста, бараат од СДСМ.

– Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат – велат од партијата.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани за, како што велат, успешните, демократски и соврмени парламентарни избори на кои, се додава во соопштението, победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија.