Одлуката на министрите за европски прашања за почеток на преговорите за членство со Албанија и Македонија, претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ја оцени како добри вести во тешки времиња.

– Некои добри вести во тешки времиња: министрите за ЕУ-прашања рекоа ‘да’ за пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија. Лидерите треба да го потврдат тоа. Европскиот парламент отсекогаш ја поддржуваше европската иднина на Западен Балкан. Ни требаат силни врски со соседите, сега повеќе од кога и да било досега – напиша Сасоли на својот твитер-профил.