САД силно веруваат дека Северна Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ во најбрз можен рок, кажа в.д. амбасадорката на САД во земјава Микаела Швајцер-Блум, во изјава за МРТВ објавена на фејсбук-профилот на американската амбасада.

– САД силно веруваат дека Северна Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ во најбрз можен рок. Охрабрени сме што ЕУ ќе донесе одлука за отворање на пристапни преговори за Северна Македонија годинава – кажа Швајцер-Блум.

Министрите за надворешни работи на Европската Унија вчера не се согласија околу доделувањето датум за почеток на преговори за Македонија и за Албанија. Тие одлучија да се навратат на ова прашање најдоцна до октомври.